Без дилеми, избран најдобриот фудбалски судија на сите времиња!

Пјерлуиџи Колина сака да ја поправи ситуацијата во фудбалот/Фото: EPA/MAURIZIO DEGL' INNOCENTI

Италијанецот Пјерлуиџи Колина е прогласен од страна на „Франс фудбал“ за најдобар судија на сите времиња.

За него ова е најголемото признание, претходно од страна на Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) беше избран за најдобар судија на светот од 1998 до 2005 година, а влезе и во Куќата на славните на италијанскиот фудбал во 2011 година.

– Кога се судиите во прашање, првото име кое ни доаѓа паѓа на памет е неговото. Од дебито во 1977 до последниот меч во 2005 година, Колина испиша историја – пишува „Франс фудбал“.

Колина во својата професионална кариера судеше на 240 натпревари во Серија А. Делеше правда и на 109 меѓународни мечеви, како и финалето на Светското првенство во 2002 година помеѓу Бразил и Германија.

Последниот натпревар во кариерата на кој судеше беше оној помеѓу репрезентациите на Португалија и Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот