Бес во Индија по смртта на тинејџерка која беше групно силувана
Четворица мажи се уапсени под сомнение дека групно ја силувале.
Деветнаесетгодишно девојче во Индија почина од тешките повреди предизвикани од групно силување, пренесува Би-Би-Си. Нејзината смрт предизвика бес во таа Индија.
Силуваната девојка е примена во болница во Делхи пред две недели со тешки повреди како резултат на групно силување што се случило на 14 септември во државата на северот на Индија, Утар Прадеш. Четворица мажи се уапсени под сомнение дека групно ја силувале.
Веста за смртта на силуваната девојка поттикна многу Индијци да го изразат својот гнев и да ја бараат правдата.
Полицијата потврдила за локалните медиуми дека четворица мажи го грабнале девојчето на поле во областа Хатрас, каде што била силувана и сериозно повредена.
Братот на жртвата за Би-Би-Си Хинди изјави дека никој не бил уапсен цели 10 дена од нападот.
„Ја оставиле, мислејќи дека е мртва“
-Ја оставил,е мислејќи дека е мртва. Таа се борела за својот живот две недели- рече братот на жртвата.
Опозициските партии во државата Утар Прадеш исто така го осудија бруталниот напад.
-Владата треба да ја обезбеди целата неопходна помош за семејството на жртвата и да обезбеди навремено казнување на одговорните- рече Мајавати, опозициски политичар во таа индиска држава.
Ахилеш Јадав, друг опозиционер во Утар Прадеш, ја обвини индиската влада за нечувствителност кон злосторствата врз жени.
Силувањата и другите сексуални злосторства врз жените се во центарот на вниманието на јавноста по бруталното групно силување во Делхи во 2012 година. Тој случај доведе до масовни протести и измени на законите за силување во Индија. Но, досега нема знаци дека бројот на злосторства врз жените опаѓа, пишува Би-Би-Си.