Берош: Постои опасност при прославата на победата на ХДЗ да се прошири коронавирусот

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави дека е можно поради изборите и поради прославата на победата во седиштето на ХДЗ да се прошири коронавирусот, но изрази надеж дека тоа нема да се случи.

Хрватските медиуми пренесоа дека за време на прославата на победата на ХДЗ во нивниот партиски штад, присутните биле многу блиску еден до друг. Некои се прегрнувале и бакнувале.

– Бевме на отворено, се мереше температура, се дезинфицираа рацете. Но, признавам, во одредени моменти бевме премногу блиску еден до друг, рече Берош и додаде дека избегнувал блиски средби, јави загрепскиот портал Индекс.

Што се однесува на можноста за затворање на границата со Србија, Берош рече дека се размислува за тоа.

– Ако тамошната епидемиолошка ситуација се влоши, размислуваме и за такво нешто, истакна Берош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот