Берлин: Договорите од Минск се основа за решавање на конфликтот во Донбас

Фото: EPA-EFE/DAVE MUSTAINE

Германското Министерство за надворешни работи ги утврди договорите од Минск како основа за решавање на конфликтот во Донбас. Така, Министерството за надворешни работи во Берлин одговори на зборовите на Леонид Кравчук за промена на формата на преговорите, пишува рускиот весник „Московски комсомолец”, цитиран од „Фокус”.

„Германија, заедно со Франција, продолжува да прави напори во нормадски формат за да направи понатамошен напредок во спроведувањето на одлуките на Самитот во Париз. Целосното спроведување на договорите од Минск останува водечка нишка во нашите напори”, соопшти Министерството.

Кравчук, кој во моментов е на чело на делегацијата на земјата во Контактната група за Донбас, зборувајќи за разговорите во Минск, рече дека Украина може да одбие да ги продолжи.

Тој исто така истакна дека Украина конечно ќе може да ја утврди својата позиција во однос на договорите од Минск по самитот Русија-САД и на претседателите Владимир Зеленски и Владимир Путин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот