Бенатија за Роналдо: Тој не е нормален

twitter/JuventusFC

Мехди Бенатија кој моменто настапува во Катар, раскажа анегдота од времето поминато во Јувентус која е поврзана со неговиот Кристијано Роналдо и неговата опсесија со тренизите.

– Се сеќавам дека се враќавме од натпреварот против Аталанта во кој ние двајца не игравме бидејќи за три дена не очекуваше нов натпревар. На враќање Роналдо ме праша: Што ќе правиш кога ќе се вратиме? Му реков: Па сега е 11 часот навечер и ќе одам дома. Тогаш ме праша дали сакам да одам со него на тренинг бидејќи тој мора да вежба оти не играше тој ден.

Морав да му објаснам дека сакам да си одам дома и да седнам пред телевизорот. Кога се вративме сите беа нормално облечени, само тој беше во тренерки. Ги стави слушалките и замина во теретана. Си помислив: овој не е нормален – раскажа Бенатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот