Белградските и локалните избори ќе се одржат на 2 јуни

Србија, избори Фото: МИА

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека донела одлука да го прифати барањето на опозициските партии сите локални избори да се одржат заедно со изборите во Белград на 2 јуни. Брнабиќ на вонредна прес-конференција рече дека тоа би значело дека в сабота ќе се расправа за измените Законот за локални избори. Локалните избори ќе ги распише в недела.

„Одлучивме да го прифатиме барањето, во консултација со претседателот, на опозицијата околу СПН и коалицијата НАДА и да ги распишеме сите тие избори закажани за јули и август. За ова ќе биде потребна измена на законот за локални избори … И секако е важно да го направиме тоа што е можно поскоро, затоа моето барање до службите и до сите пратенички групи е да го завршат попладнево“, изјави таа.

Брнабиќ изјави дека за тоа ќе биде потребна измена на Законот за локални избори и дека е важно тоа да се направи што е можно поскоро, па затоа побара предлогот да биде потпишан од најголем број пратеници и законот да биде усвоен до викендот.

Таа рече дека е направен преседан за кој смета дека не е добар, но дека е убедена дека за такво нешто има двотретинско мнозинство во парламентот и дека Србија е во многу тешка ситуација и под голем притисок, јави Бета.

„Во такви околности потребна ни е што поголема внатрешна стабилност и единство, што е можно поголема политичка кохезија и да се стави крај на сите поделби, колку што можеме. На тој начин добиваме време и енергија за да ги решиме овие проблеми. Доколку ситуацијата во за која Србија смета дека е поинаква, а мојата одлука би била поинаква“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот