Белград предупреди дека потпишувањето на енергетскиот договор Косово-Албанија ќе влијае на регионалната стабилност

Енергетски систем / Фото: МИА

Официјален Белград денеска соопшти дека меѓународната заедница мора да престане со „создавање енергетски голема Албанија” и оцени дека потпишувањето на договорот Косово-Албанија за заеднички енергетски систем може да влијае на регионалната енергетска и политичката стабилност како и на продолжување на дијалогот Приштина-Белград.

Директорот на канцеларијата на српската влада за Косово, Марко Ѓуриќ истакна дека „Србија е сопственик и градител на електро-мрежата на Косово”, и дека најавата за создавање „енергетски голема Албанија е шовинистичко лице на приштинската политика”.

„Ова е неизводливо на терен и мора да биде запрено од меѓународната заедница пред да може да донесе последици за регионалната енергетска и политичката стабилност и да ги запечати изгледите за дијалог”, нагласува Ѓуриќ во писмената изјава за медиумите.

Косовските и албанските дистрибутери на електрична енергија КОСТТ и ОСТ потпишаа договор вчера во Тирана за воспоставување заеднички енергетски систем со што ќе стави крај на децениската зависност на косовската електро-мрежа од Србија, јавија косовските медиуми.

Договорот беше потпишан со знаење на Европската мрежа на оператори на електропреносни системи (ЕНТСО) и се очекува да стапи во сила во април 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот