Белгискиот премиер падна од велосипед, кусо време бил без свест

Фото: Фејсбук

Белгискиот премиер Александер Де Кро паднал од велосипед и накусо ја загубил свеста, а болничките тестови не покажале посериозни повреди, извести во неделата белгиската службена новинска агенција „Белга“.

Инцидентот се случил кога 47-годишниот Де Крон бил на возење со велосипед со синот во саботата доцна попладнето во близина на неговиот дом во регионот Фландрија, наведува агенцијата, повикувајќи се на кабинетот на премиерот.

Де Кро извесно време бил во несвест и бил однесен во болница на прегледи, пишува Belga.

Во видео пораката објавена на социјалните мрежи во неделата, е Кро вели дека се вратил дома.

„За среќа носев кацига, и мојот син повика брза помош. Спортот е добар за вашето здравје. Но понекогаш мора да бидете малку внимателни“, вели Де Кро во пораката заблагодарувајќи им се на медицинскиот персонал и на луѓето кои му посакаа брзо закрепнување.

Не се очекува дека инцидентот ќе влијае врз распоредот на премиерот за следната седмица, соопштиле од неговито кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот