Белгија повеќе нема да извезува оружје во Саудиска Арабија

Фото: МИА

Граѓанските организации во Белгија со години алармираат дека продажбата на оружје на Саудијците е нелегална и дека тоа оружје се користи во најкрвавите војни, како во Јемен.

По години критики и повици да му се стави крај на извозот на оружје во Саудиска Арабија, властите на регионот Валонија, каде се наоѓа најголемата фабрика за оружје, конечно донесоа одлука, јавуваат медиумите.

Продажбата на оружје во 2018 година на Валонија и донела профит од 950 милиони евра, од кои 225 милиони само од извозот во Саудиска Арабија. Токму 2018 година била најплодна година за секторот со зголемување од 37 отсто, јави дописничката на МИА од Брисел.

Граѓанските организации во Белгија со години алармираат дека продажбата на оружје на Саудијците е нелегална и дека тоа оружје се користи во најкрвавите војни, како во Јемен.

Валонија извезува најмногу оружје во земјите на ЕУ, но Саудиска Арабија е нејзиниот најголем клиент.

-По разни консултации и ригорозна анализа на геостратешките, етичките и економските димензии на повеќе барања за лиценци, претседателот на владата донесе две одлуки во однос на лиценците за Саудиска Арабија. Што се однесува до лиценците за воено-воздухопловните сили на саудиското Министерство за одбрана одлучено е да не се додели лиценца, порачаа од кабинетот на претседателот на владата на Валонија, Елио Ди Рупо.

Властите се повикуваат на „драмата во Јемен“ како главна причина за стопирањето на извозот кон оваа земја.

Лиценцата за извоз на оружје за други саудиски институции, сепак, е обновена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот