Белата куќа издвои 110 милијарди долари за модернизација на инфраструктурата на САД

Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Од Белата куќа денеска соопштија дека се издвојуваат 110 милијарди долари во рамките на инфраструктурниот пакет во висина од еден трилион долари, а за поправка на патиштата, проширување на пристапот до широкопојасниот интерент и модернизација на електричната мрежа.

– Се вклучуваме со работа на проекти кои се веќе подготвени, изјави денеска за новинарите Мич Лендрју, координатор на Белата куќа за реализација на инфраструктурни проекти.

Тој изјави дека администрацијата издвоила 110 милијарди долари наменети за државите и има пристап до околу 100 милијарди за финансирање на инфратсруктурни проекти.

Со 110-те милијарди ќе се финансираат 4300 конкретни проекти. Околу 2000 се поврзани со изградба и модернизација на аеродроми.

Денеска се навршува шест месеци од потпишувањето од страна на претседателот Џо Бајден на бипартискиот нацрт закон за развој на инфраструктурата.

Датата се совпадна со „Неделата на инфраструктурата – 2022“ која започнува денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот