Бела куќа: Членките на НАТО треба да почнат „амбициозен пакет иницијативи”

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Белата куќа соопшти дека членките на НАТО треба да почнат „амбициозен пакет иницијативи” пред денешниот самит во Брисел, со цел да се осигура дека Алијансата ќе продолжи да ја одржува безбедноста до 2030 година, но и после тоа.

Се наведува дека 30 членки на Северноатлантската алијанса треба да го преиспитаат Стратешкиот концепт на НАТО, што вклучува став кон „агресивната политика и активности на Русија”, како и „предизвикот што Кина го поставува кон колективната безбедност, просперитет и вредностите на земји членки”.

Додадено е дека треба да се ревидираат и прашања поврзани со транснационални закани, како што се тероризам, кибер напади и климатски промени.

Белата куќа додаде дека новиот Стратешки концепт ќе биде подготвен за усвојување на Самитот на НАТО во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот