Бектеши демантира дека Владата е вклучена во преговорите меѓу ЕВН и жителите на Слупчане

Крешник Бектеши
Крешник Бектеши / Фото: Фејсбук, Крешник Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши демантира дека претставници од Владат се вклучени во преговорите меѓу жителите на Слупчане и ЕВН. Бектеши истакна дека најверојатно се работи за опозициски партии кои пренесуваат лажни вести.

Најверојатно некои опозициски партии кои пренесуваат лажни вести кон граѓаните и кои прават споредби со одредени села и региони во државата, отвараат теми за кои тие треба да дадат одговори, а уште нема одговори од општините раководени од нивни кадри во делот на злоупотреба на Законот за енергетика, изјави денеска Бектеши.

Тој вели дека Владата се залага за тоа да се намалат загубите на електричната енергија и за тоа сите обврски да бидат подмирени од страна на сите граѓани за услугите што ги добиваат.

-Конкретни информации за тоа што е договорено меѓу жителите на Слупчане и ЕВН, како Министерство немаме. Но, би ги замолил политичките партии и медиумите да не даваме лажни информации дека одредени места крадат или злоупотребуваат електрична енергија, туку да ја нагласaт потребата за намалување на загубите на електрична енергија бидејќи тоа е во интерес на државата, рече Бектеши.

Претходно, на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ ја повика Владата и министерот за економија да одговорат што е договорено на средбата во Слупчане и дали Владата е гарант за жителите од ова село.

По две блокади слупчанци ќе добијат модернизирана мрежа од ЕВН

Претставниците на ЕВН и жителите на Слупчане денеска одржаа втор состанок за да ги финализираат техничките детали поврзани со модернизирање на мрежата во селото. Состанокот, како што информираат од ЕВН бил успешен, а в понеделник ќе се одржи последниот состанок, по кој следува спроведувањето на проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот