Бебињата родени во месец март имаат посебни карактеристики: Оптимисти и надежни идни директори на успешни компании

Unsplash
Фото: Unsplash

Зимски денови завршуваат, а пролетта сè повеќе се чувствува во воздухот. Овој месец е убав да се стане мајка и прилично одличен месец за оние бебиња кои ќе се родат. Во следните редови прочитајте што вели науката за бебињата родени во март.

  1. Брзо напредуваат

Бебињата родени овој месец најверојатно брзо ќе напредуваат кога ќе пораснат и ќе се вработат. Истражувањата покажуваат дека повеќето директори на компании се родени овој месец.

Истражувањето спроведено меѓу 375 директори открило дека дури 12,5 проценти од нив го слават својот роденден во март, пишува „Miss 7 Mama“.

Unsplash
Unsplash
  1. Помалку е веројатно дека ќе бидат кратковиди

Студија спроведена на 300.000 војници покажа дека децата родени во лето имаат поголем ризик да бидат кратковиди. Пролетните деца многу поретко ќе бидат кратковидни.

  1. Тие се природно оптимисти

Студија од 2014 година покажа дека бебињата родени во март (и нивните врсници од април и мај) во основа се родени оптимисти. Тие имаат вроден позитивен став кон животот.

Unsplash
Unsplash
  1. Тие имаат помал ризик од астма

Во овој период од годината има изобилство на прашина и грини, што може да биде непријатно за страдалниците од алергија, но одлично за бебињата родени овој месец. Според истражувањето од 2015 година, децата родени во март имаат помала веројатност да развијат астма бидејќи нивната изложеност на прашина во првите месеци од животот го зајакнува имунитетот.

  1. Веројатно ќе бидат ноќни птици

Една студија за спиење покажа дека децата родени во пролет и лето веројатно ќе бидат ноќни птици во зрелоста, но и дека нема да сакаат да легнуваат рано како останатите бебиња.

Unsplash
Unsplash
  1. Оптимистички Риби или страствен Овен според Зокијакот

Овие два астролошки знака се познати по својата решителност, односно страст. Бебињата родени помеѓу 1 и 20 март се оптимистички Риби, додека оние родени по 20 март се огнени и страствени Овни.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот