Бавната набавка на вакцини и големата смртност од ковид-19 причина за големи протести ширум Бразил

Илјадници граѓани на Бразил излегоа вчера на улиците во целата земја, обвинувајќи го претседателот Жаир Болсонаро и владата за неефикасно управување со кризата, особено поради бавната набавка на вакцини и што покажа сомнеж во оправданоста за носењето маски.

Бразил вчера ја надмина бројката од половина милион смртни случаи од ковид-19, по што се најде на второто место во светот по бројот на починати од оваа болест, веднаш зад САД.

Граѓаните жестоко го критикуваат претседателот Болсонаро за неговиот несоодветен одговор на ковид- кризата и особено ја критикуваат владата за низата пропуштени можности за купување вакцини.

Фајзер соопшти дека не добил одговор на понудите за продажба на вакцината испратена до бразилската влада, испратени од август до ноември 2020 година.

Според бразилското Министерство за здравство, само 11 проценти од бразилските граѓани се целосно вакцинирани, а 29 проценти ја примиле првата доза.

Демонстрантите посочуваат дека половина милион смртни случаи од ковид-19 е своевиден геноцид што го спроведува бразилската влада врз своите граѓани и бараат Болсонаро да биде сменет од функцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот