Барзов: Во вакви услови најдобар стимулатор на потрошувачката треба да биде државата, штипското стопанство зависно од западниот пазар

Штип е град каде што функцира текстилната, метало-преработувачката индустрија и сет на фирми кои шпто функционираат во слободните зони. Текстилните компании се преориентираат кон производство на заштитна опрема, маски, скафандери за локалниот и надворешниот пазар. Очекуваме во периодот кој што следи да се сумираат сите нарачки, колку и во кој сегмент ќе бидат покриени во летниот период. Нарачките се редуцирани заради намалената побарувачка од западниот пазар, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Наум Барзов, ко-сопственик на чевларската фабрика „Баргала“.

-Метало-преработувачката индустрија исто така има голем пад бидејќи е поврзана со автоиндустријата во Западна Европа. Тука имаме нивни произведувачи кои искористија поволности од Владата, и се надеваме дека во Западна Европа ќе се стабилизира состојбата а со тоа ќе се врати довербата на крајните потрошувачи и ќе почнат да купуваат производи.

Околу информациите за отпуштањата и принудни одмори, Барзов дециден дека до сега нема таква појава во Штип.

-Не верувам дека компаниите ги чекаат мерките на Владата за да знаат што треба да направат. Пред се чекаат да се стиши состојбата на западните пазари каде што имаат долгогодишни договори, за да дојдат нови нарачки и да се продолжи со традиционалниот начин на производство и работа. Не верувам дека сите ги чекаме економските мерки на Владата иако се добродојдени, додава Барзов.

Во услови на корона криза, најдобар стимулатор на потрошувачката може да биде државата.

-Банките како организации за генерирање на профит, со сопственичка структура каде нивен интерес е зголемување на профит, нормално е пласманите да им бидат по ниски и не верувам дека нешто ќе се подобри од страна на банките. Затоа во вакви услови најдбар играч и стимулатор на потрошувачката треба да биде државата, вели Барзов.

Во видеото погледнете го разговорот каде што Барзов говори за фабриката „Баргала“ и проблемите со кои тие се соочуваа, со проблемите околу ликвидноста, непредвидените проблеми и начинот на кој што ги надминуваат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот