Барселона најде начин да го изигра финансискиот фер плеј

Фото: EPA/ALEJANDRO GARCIA

Барселона не се откажува од враќањето на Нејмар на „ Камп Ноу“ иако францускиот ПСЖ постојано ги одбива понудите. Последната понуда на Барселона беше од вчера, Осман Дембеле и Фелипе Кутињо плус 40 милиони евра во кеш, но ПСЖ ја одби понудата.

Францускиот тим бара 200 милиони евра во кеш и да добијат еден фудбалер по нивев избор, бидејќи не сакаат да го задржуваат незадоволниот Нејмар на „Паркот на Принцевите“.

Но, денеска, каталонскиот весник „Спорт“ објави дека челниците на шпанскиот шампион имаат подготвено нова понуда со која ќе го изиграат финансискиот фер плеј, а истовремено ќе ги задоволат барањата на ПСЖ. Барселона е подготвена да го прати Фелипе Кутињо во ПСЖ на позајмица и летово ќе плати 70 милиони евра за да дојде до Нејмар. Според договорот, доколку се согласи францускиот тим, тогаш Барселона во договорот ќе вметне клаузула за задолжителен откуп на договорот на Нејмар за дополнителни 130 милиони евра кои ќе ги плати во 2020 година.

Со овој потег, каталонскиот клуб ќе го изигра финансискиот фер плеј, бидејќи веќе потроши 120 милиони евра за трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, и нема да има потреба да подигнува кредит за ова лето да го реализира трансферот на Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот