Барселона има димајант од половина милијарда евра, одигра два натпревари и ги полуде навивачите (ВИДЕО)

epa08673945 FC Barcelona's Francisco Trincao (R) in action during the pre-season soccer match between FC Barcelona and Girona FC held in Barcelona, Spain, 16 September 2020. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Засилувањето за каталонскиот клуб Франсиско Тринкао ги воодушеви навивачите на Барселона со настапите на подготвителните натпревари.

Младиот 20-годишен фудбалер од Португалија во само два натпревари покажа дека ќе биде одлично засилување за Барселона сезонава, но се поголем број на навивачи одат подалеку во прогнозите.

Тие сметаат дека Тринкао ќе биде главниот играч на клубот во иднина, и посебно по заминувањето на Лионел Меси.

Франсиско Тринкао/twitter:Barsacentre

Тринкао настапи на двата досегашни контролни натпревари на Барселона, против Химнастик и Џирона и со прикажаната игра го воодушеви тренерот Роналд Куман како и целата спортска јавност во Шпанија.

Весникот „Мундо Депортиво“ по првите 45 минути кои Португалецот ги одигра во дресот на Барселона му ја посвети насловната страница на која напиша „Волшебникот Тринкао“.

Тринкао одигра одлично и против Џирона, запиша една асистенција, а имаше и неколку спектакуларни потези и во родната Португалија одамна го споредуваат со Кристијано Роналдо.

Франсиско Тринкао во јануари потпиша договор со Барселона за сума од 31 милиони евра, а сезоната ја доигра во португалска Брага. Колку верува Барселона во младиот Португалец најдобар показател е откупната клаузула која изнесува неверојатни 500 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот