БАНКОМАТ ПО ГРЕШКА НА ПОЛИЦАЕЦ МУ ИСФРЛИЛ ТУЃИ 300 ЕВРА: Без размислување и ги вратил на сограѓанка! – Слободен печат
ВестиРегион

БАНКОМАТ ПО ГРЕШКА НА ПОЛИЦАЕЦ МУ ИСФРЛИЛ ТУЃИ 300 ЕВРА: Без размислување и ги вратил на сограѓанка!

Ја стигнав и ја прашав колку пари имала намера да подигне, вели чесниот полицаец.

Полицаецот Сахрет Сајо Дервишевиќ од Црна Гора немал дилема како да постапи кога банкомат му исфрлил туѓи 300 евра – и ги вратил на сопственичката.

-Околу 12 часот дојдов до банкоматот да подигнам плата. Пред мене беше средновечна госпоѓа која се обидуваше да подигне пари. Никако не успеваше. Дури и едно момче се обиде да и помогне. Откако увиде дека парите нема да излезат се оддалечи. Му се доближив на банкоматот, ја уфрлив мојата картичка и истиот момент излегоа 300 евра. Сфатив дека не се мои, туку нејзини, изјави Дервишевиќ.

-Ја стигнав и ја прашав колку пари имала намера да подигне. Одговори 300 евра. Без размислување и ги предадов парите. Се заблагодари и праша кој сум, од каде сум и со што се занимавам. Реков дека сум полицаец, а таа застана и ми се заблагодари. И одговорив дека тоа е моја, пред се професионална, а потоа и граѓанска обврска, рече Дервишевиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close