Балканци се вратија од крузер и направија скандал во авионот: Пиеле, пушеле и ги нападнале стјуардесите (ВИДЕО)

Фото: S. Matić / Vlada Crnа Gorа

„Стјуардесата е изгребана по вратот и срамота е што од 143 Црногорци, 10 отсто да ги апси полицијата“, вели еден Црногорец.

Во Подгорица утрово слетаа 320 работници од крузер компанијата Ројал Карибиан, меѓу кои, според податоците на црногорската влада, имало 89 Хрвати, 25 Албанци, 26 Срби и 37 државјани на БиХ.

Меѓутоа, веста за нивното безбедно враќање дома ја засени сканалот на 15-тина црногорски поморци кои се уапсени во авионот, веднаш по слетувањето, објави Morski.hr.

„Само што се вративме назад. Се испијанија, пушеа во авионот, ги нападнаа стјуардесите. Еден идиот им побегна, па јас го фатив и него го уапсија“, раскажа еден од Хрватите кои слета на подгоричкиот аеродром и кој заедно со останатите Хрвати е добро.

„Стјуардесата е изгребана по вратот и срамота е што од 143 Црногорци, 10 отсто да ги апси полицијата“, вели еден Црногорец.

Фото: Morski.hr

„Пушеа во авионот, противпожарниот аларм се палеше можеби 20 пати. Кога отидоа да им ги земат цигарите и алкохолот, ја нападнаа стјуардесата. Па неа отиде да ја брани еден колега, па изби тепачка. Потоа пијаните нападнаа една патничка исто така“, раскажува Хрват кој се уште не може да си дојде на себе од кошмарот кој го доживеал на повратниот лет.

Од црногорското министерство за внатрешни работи соопштија дека по слетувањето на авионот уапсени за 13 лица, од кои четворица црногорци, четворица Хрвати, четворица државјани на БиХ и еден Србин кои ќе одговараат кривично за кршење на процедурите за летање.

Со напори на црногорското министерство за надворешни работи до Вашинтон, 320 поморци од споменатите земји се вратени од Барбадос, каде работеле на крузерите на сестринските компании „Ројал Карибиан“ и „Селебрити Крузис“.

Од аеродромот во Подгорица, црногорските државјани се упатени во 14- дневен карантин, додека Хрватите, Србите, Бошњаците и Албанците со автобуси се префрлени до граничните премини кон своите земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот