Бајру: Франција треба итно да се заштити од економска дестабилизација
Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска изјави дека е неопходно итно намалување на буџетскиот дефицит за да се заштити земјата од „цунамито на дестабилизација“, кое го вклучува и сè поагресивната Русија, но и трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп.
Препорачано
Како што јави Ројтерс, на прес-конференција во Париз, Бајру оцени дека едностраните потези на Трамп, вклучително и воведувањето царини и влошувањето на односите со сојузниците, сериозно ја разнишаа довербата во меѓународниот поредок.
„Претседателот на САД пушти ураган чии последици нема да завршат наскоро. Како војната да не е доволна, светот сега е погоден од цунами на дестабилизација“, рече Бајру.
Иако не наведе конкретни мерки, Бајру ја отфрли можноста за зголемување на даноците и најави дека буџетските консултации ќе бидат завршени пред државниот празник на 14 јули, со цел да се забрзаат фискалните реформи.


