Бајден: Трамп се грижи само за берзите додека економијата „тоне“

Џо Бајден / Фото: ЕПА

Во испитувањата на јавното мнение на национално ниво, рејтингот на Бајден, поранешeн потпретседател, е подобар од оној на Трамп во пресрет на претседателските избори.

Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, на предизборен митинг во Пенсилванија синоќа, го искритикува претседателот Доналд Трамп за економските политики кои ги спроведува тој и неговата администрација.

Пенсилванија се смета за една од клучните „фронтови”, партиски неопределена и од која зависи исходот од гласањето за избор на американски претседател.

Според Бајден, Трамп е „фокусиран само” каква е состојбата на берзите, во време кога 50 милиони работници изгубија работа од почетокот на пандемијата во март.

Во испитувањата на јавното мнение на национално ниво, рејтингот на Бајден, поранешeн потпретседател, е подобар од оној на Трамп.

Демократскиот кандидат истакна дека планира сеопафтна економска обнова во висина од 300 милијарди долари за истражувања и развој на проекти за обновлива енергија, телекомуникации, вештачка интелигеција и други области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот