Бајден: Камала и јас не губиме време, ќе го ставиме коронавирусот под контрола

Фото: Olivier DOULIERY / AFP / Profimedia

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден денеска на Твитер објави дека тој и новоизбраната потпретседателка Камала Харис не губат време и подготвени се да го стават новиот коронавирус под контрола.

Камала Харис и јас не губиме време. Подготвени сме да го ставиме Ковид-19 под контрола за да можеме безбедно да ги отвориме повторно нашите деловни активности и училишта, да продолжиме со нашите животи и да ја оставиме зад себе оваа пандемија, истакна Бајден.

Тој вчера го објави составот на својот иден тим против ковид-19.

Овие се членовите на екипата која Џо Бајден најави дека ќе ја формира за борба против ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот