Бајден ја изрази својата загриженост за Мјанмар

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот изрази „екстремна загриженост“ поради насилството во Мјанмар, кое го нарече „страшно“, по повод годишниот самит на Соединетите Држави и Организацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), пренесува Ројтерс. 

Џо Бајден, исто така, ја повика хунтата „веднаш да го прекине секое насилство, да ги ослободи неправедно затворените и да го врати Мјанмар на патот на демократијата“, се вели во соопштението на Белата куќа.

На 1 февруари, војската на Мјанмар ја уапси Аунг Сан Су-Чи која ја водеше избраната влада и ја стави во домашен притвор. Пучот го прекина десетгодишниот период на демократско владеење по половина век воено владеење и предизвика едногласни меѓународни критики, од папата Франциск до американскиот претседател Џо Бајден.

Мјанмар, каде што сè уште владее хаос по пучот, беше главна тема на самитот на АСЕАН во вторникот, на кој на лидерот на хунтата му беше забрането да учествува, бидејќи меѓународниот притисок врз воениот режим расте. 

САД воведе санкции за поединци и компании поврзани со воената хунта во Мјанмар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот