САД воведе санкции за поединци и компании поврзани со воената хунта во Мјанмар

epa08979685 Vehicles carrying police officers park at Sule Pagoda Road in Yangon, Myanmar, 01 February 2021. The army said that the senior members of the National League for Democracy (NLD), including leader Suu Kyi, are being detained by the military. The army's takeover of power in a military coup on 01 February comes hours ahead of the parliament's first sitting since the 08 November elections which handed a majority to Suu Kyi's NLD party. EPA-EFE/LYNN BO BO

Американското Министерство за финансии денеска воведе санкции за 22 лица поврзани со воената хунта во Мјанмар.

Во соопштението се наведува дека санкциите се воведени поради задушување на демокиратијата од страна на армијата и бруталното насилство врз сопствениот народ.

Претходно, американското Министерство за трговија стави четири мјанмарски компании на црната листа поради нивната поддршка на  хунтата во Мјанмар.

Армијата на Мјанмар на 1 февруари со воен удар ја презеде власта од легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи, тврдејќи дека изборите во ноември 2020 година биле фалсификувани.

Пет месеци по воениот удар мјанмарската армија нема целосна контрола врз земјата, а во неколку региони продолжуваат протести. Во судирите помеѓу армијата и демонстрантите досега загинаа над 880 луѓе

Видео на денот