Бахреин ги прекина економските врски со Израел и го отповика својот амбасадор во Тел Авив

Бахреин го отповика својот амбасадор во Израел, се вели во денешното соопштение на бахреинскиот парламент, додавајќи дека израелскиот амбасадор во Манама веќе го напуштил Кралството на Заливот.

Сите економски врски со Израел се запрени, како дел од мерките што Бахреин ги презеде за поддршка „на палестинската кауза и легитимните права на палестинскиот народ“, соопшти парламентот.

Бахреин воспостави дипломатски врски со Израел во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот