Автобус излетал од патот кај Демир Хисар – нема повредени патници

Превртен автобус/ Фото: МИА

СВР Битола информира дека попладнево во 14.25 часот на патниот правец од Демир Хисар кон селото Драгожани, автобус на една тутунска компанија излетал од патот и се превртел.

Според првичните информации на екипите на СВР-Битола, до незгодата дошло откако пред автобусот наишол трактор и со цел да биде избегнат директен судир со поголеми последици, возачот на автобусот го избегнал судирот, но со превртел во непосредна близина на коловозот.

Увидот е во тек, потврдија од СВР Битола.

Насловна фотографија: Принтскрин ТВ21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот