Авионот кој летал од Париз до Мумбај слетал безбедно

Фото: Профимедиа

Портпарол на авиокомпанијата ЕрФранс соопшти дека авионот кој летал од Париз до Мумбај итно слетал во Исфахан, Иран, поради безбедносни причини.

Авионот слетал безбедно.

Флајтрадар24, кој го надгледува авиосообраќајот, претходно соопшти дека авионот исчезнал од радар во близина на иранскиот регион Исфахан.

„Авионот АФ218 моментално не е во домет на Флајтрадар24. Или е вон покриеност или слетал“, стои во соопштението на Флајтрадар24.

Флајтрадар24 подоцна објави дека според обновениот ред на летање на ЕрФранс, не се очекува авионот долго време да биде приземјен.

Авионот полетал од Франција и потоа летал преку Европа и западна Азија. Пред да слета, пилотот објавил „7700″ што укажува на општа опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот