ДРАМА НА ЛЕТ ПАРИЗ-МУМБАЈ: Авион исчезнал од радарот над Иран!

Фото: Профимедиа

Авион на лет од Приз до Мумбај исчезнал од радарот недалеку од иранскиот регион Исфахан.

„ФлајтРадар24“, кој го набљудува авио-сообраќајот соопштува дека бил загубен сигнал со леталото.

„Авионот AF218 моментално не е во нашиот домет. Или е надвор од покриеност, или авионот слетал“, стои во соопштението на „ФлајтРадар24“.

Авионот полетал од Франција и потоа летал преку Европа и западна Азија пред да исчезне над централен Иран.

Пилотот пред да биде загубен контактот, објавил „7700“, што укажува на општа опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот