Авганистан лежи на литиум вреден сто милијарди долари, светските сили во лов

REUTERS/Ali Khara

Цената на литиумот се зголеми осумкратно во Авганистан и привлече кинески претприемачи. Она што е заедничко со една земја на Балканот, е тоа што и во Србија, претприемачите ставија рака на овој скапоцен минерал. Во екот на пандемијата, народот протестираше во Србија, и Министерството за рударство и енергија под притисокот на јавноста ги повлече сите издадени дозволи за истражување и копање на овој минерал. Владата на Србија ја прекина повеќе од две децениската соработка со компанијата Рио Тинто, која планираше експлоатација на литиум во Србија, пишува Nova.rs

Пред десетина години,  Министерството за одбрана на САД заклучи дека огромното богатство на литиум може да вреди една милијарда долари. Пентагон во 2010 тата година го испитуваше развојниот потенцијал на Авганистан. Американските власти беа изненадени од потенцијалот на литиум кој го има оваа земја, односно Авганистан го нарекоа иден и главен извор на литиум во светот.

Талибанците во Авганистан ја соборија владата поддржана од САД пред две години, и конечно сакаат да ги искористат овие огромни литиумски резерви, во време кога растечката глобална популарност на електричните возила ја поттикнува итната потреба од  овој минерал кој е витална состојка во нивните батерии. Според Меѓународната агенција за енергија, до 2040 година, побарувачката за литиум може да се зголеми за 40 пати во споредба со нивото од 2020 година.

Кон крајот на пандемијата во 2021 година, локални жители во Авганстан сведочат дека секојдневно гледаат голем број на кинези кои се заинтересирани за ископување и истражување на овој минерал.

По инвазијата во САД во 2001 година, тимовите на Геолошкото истражување кои работат како дел од единицата на Пентагон откриле дека содржината на литиум е толку висока што може да се совпадне со местата во Чиле и Аргентина, некои од најголемите производители на литиум во светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот