Арсовски: Шансите за неотпочнување преговори со ЕУ се многу мали!

Евентуалното неусвојување на преговарачката рамка ќе доведе до одложување на отпочнувањето на пристапните преговори, оценува за Слободен печат, политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Шансите за тоа да се случи се навистина мали. Бугарија веројатно инсистира на додатоци, но тие тешко дека би биле усвоени без да се изнајде консензус по прашањето. Од друга страна, самата рамка не верувам дека може да претрпи додатоци, вели Арсовски.

Коментирајќи ги пишувањата на „Политико“ за т.н. бугарски компромис кој бил усогласен во Брисел, а со кој би се признале македонскиот идентитет и јазик, но со бугарски основи, Арсовски вели дека во медиумите се појавиле голем број шпекулации.

Тој смета дека кај домашните власти е добро познато што би можело да е прифатливо, а што не, потсетувајќи на изјавата на премиерот Зоран Заев дека граѓаните треба да бидат подготвени и за неотпочнување на пристапните преговори, доколку се наметнав условувања за македонскиот идентитет и јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот