Арсовска – Заев: Политичкиот клиентелизам треба да се замени со меритократија

Економијата треба да биде приоритет заснован на развој на реалниот сектор во земјата, вели Арсовска.

На средбата иницирана од Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија во процес на изработка на предизборната економска програма, Сојузот на стопански комори на Македонија, испорача три приоритети за подобрување на условите за работа на приватниот сектор.

На средбата со Данела Арсовска, претседател на Сојузот и членовите на бордот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев имаше можност од прва рака да ги слушне препораките на деловна заедница.
Арсовска истакна дека приоритет број еден за кој Сојузот гласно говори е справувањето со сивата економија, второ функционалност на законската регулатива и редовно консултирање на деловната заедница за законите кои треба да се имплементираат, како и мерки за зголемување на инвестициите со воспоставени услови за владеење на правото, слободна и фер конкуренција. Предуслов за реализација на овие три приоритети е справување со политичкиот клиентелизам, заради кој сите други развојни процеси се закочени.

Прочитајте и...  Членови на ВМРО-ДПМНЕ, сведоци во „Титаник" не се сеќаваат дека донирале по 1.000 евра за партијата

– Во поглед на економските програми потребно е да бидат реални, конкретни и фокусирани на неколку приоритети со прецизни чекори кои ќе се превземат и со очекувани резултати и рокови за нивно имплементирање. Економијата треба да биде приоритет заснован на развој на реалниот сектор во земјата. Растот ќе се постигне со овозможување на развој на претприемништвото, раст на инвестициите и спроведување на неопходните структурни економски реформи кои не само за ЕУ туку пред се и нам ни се потребни. Пред нас е изборен период во кој политичките партии многу ветуваат, а потоа малку од тоа се реализира или прифатените економски мерка попатно се разобличуваат од иницијалната идеја”, изјави Арсовска на средбата и додаде дека подобрување на деловното опкружување бара длабоки промени, а суштинските ефекти ќе бидат видливи кога ќе се зголеми инвестициската активност на претприемачите, како доказ дека функционира пазарната економија со воспоставени правила на игра од страна на институциите на системот.

Прочитајте и...  Германски ковид- 19 екперти доаѓаат во Косово

Деловната заедница истакна дека во пазарна економија носител на растот е приватниот сектор и треба да се искористи потенцијалот на оние кои со сопствен труд и знаење постигнале успех.

– Сојузот на стопански комори на Македонија е подготвен и екипиран и ќе продолжи да креира иновативни промени и предлог политики за приватниот сектор, бидејќи е базиран на претприемништво и иновации, на луѓе кои со храброст инвестирале во себе, без помош од државата, без приватизирање државен капитал, единствено со личен труд и средства. Претприемачите е неопходно да ја водат државата напред со конкретни мерки и идеи, луѓе кои знаат чесно и со труд да направат многу за сите, не само за себе ” додаде Арсовска.

Прочитајте и...  Во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест

Заев истакна дека со Сојузот на стопански комори состаноците биле секогаш квалитетни и информира дека е даден одговор на 78 економските мерки на ССК, со напомена дека 29 се веќе решени прашања, голем дел се започнати да се решаваат, а 13 се во надлежност на општини и останати институции и веќе се адресирани.

– Сојузот на стопански комори е една од најзначајните комори во земјава и нивните идеи сакаме да ги вградиме во нашите политички програми. Научивме многу од соработката со ССК и подготвени сме да ги слушнеме сите идеи, да ги добиеме и писмено како би можеле да ги преточиме и да ги препознаете во програмите”, рече Заев на денешната средба со деловната заедница.

Прочитај повеќе

Филипче: Кротката убавица Бојана како лавица го победи карциномот (ВИДЕО)

Слободен печат

Словенија: Се очекува 60 отсто од населението да се вакцинира кога ќе бидат достапни ковид вакцините

Слободен печат

Апел од шпанската Влада: Жителите на Мадрид да го ограничат движењето

Слободен печат

Голема акција на Европол и ФБИ: Уапсени 179 лица, запленет пола тон дрога и оружје

Слободен печат

Фејсбук и Инстаграм поради прописите ќе ја напуштат Европа?

Слободен печат

Ковид-тест наместо карантин за патниците пред меѓународните летови, бараат авиокомпаниите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Британија со нови рестриктивни мерки: Полициски час за рестораните, казни за неносење маски, свадби и погреби со ограничен број луѓе

Слободен печат

Расте бројот на заразени во Шведска, се размислува за нови мерки

Слободен печат

Се „крчка“ нов Кривичен законик, но и Закон за кривична постапка.

Лука Андреев

Макрон ја повика Русија да објасни за труењето на Навални, нема да толерира хемиско оружје

Слободен печат

Хашки обвинител: Ќе ги гониме оние кои ќе го откријат идентитетот на сведоците против ОВК

Слободен печат

Д-р Марковски: Потребно е владино тело од 4-5 доктори кое ќе носи одлуки за да излеземе од пандемијата

Слободен печат