Арсовска назначена за нов претседател на „Нова Алтернатива“

Данела Арсовска / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска утре ќе биде назначена за нов претседател на политичката партија „Нова Алтернатива“, соопштуваат од партијата.

„Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива г-ѓа Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот“, стои во поканата до медиумите.

Неодамна, Арсовска најави дека ќе формира своја политичка партија, со цел да учествува на престојните избори. Како што пишуваат дел од медиумите Арсовска ја презема партијата на Ѓорѓи Оровчанец – „Нова Алтернатива“, која од 2008-ма година е во коалиција со СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот