Арсовска: Институциите да реагираат навремено, компаниите се под притисок од различни страни

Даниела Арсовска. / Фото: Архива на Слободен печат

Кај компаниите постои расположение да се почитуваат мерките кои Владата ги донесе за справување со штетните последици од Ковид-19, но за да се спречат поголеми штети по економијата мора да се размислува и за ургентна и навремена помош која институциите би му ја овозможиле на приватниот сектор, вели претседателот на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

Сето ова, според неа, има и општествена и хумана компонента.

-Никој не сака вработените да се разболат или нивните децата да останат незгрижени. Меѓутоа мора да се размисли и околу тоа дали и колку ќе можат компаниите да го издржат притисок кој доаѓа од различни страни. Верувам дека институциите ќе реагираат навремено и дека ќе преземат мерки по примерот на САД, Германија, Словенија за да се намалат штетните последици по економијата, бидејќи тоа негативно ќе влијае на целото општество. Во останатите држави се изготвени предлози за финансиска помош за одржување на ликвидноста на компаниите што се најтешко погодени од влијанието на појавата, кои се добар пример за помош, истакнува Арсовска.

Според неа, на приватниот сектор може да му се помогне на различни начини, преку одвојување средства во Буџетот, привремено ослободување или одложување на плаќањата на даночните обврски или преку поволни кредитни линии и можности за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките.

-Не треба да се дозволи компаниите да не можат да ги остварат планираните активности особено оние кои имаат производни процеси поврзани со извоз во земји кои ни се традиционални трговски партнери, потенцира Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот