Арсенков: Ниту имаше пукање во болницата, ниту имаше инцидент. Примени се две лица со повреди од огнено оружје

Ниту имаше пукање во болницата, ниту се случи некаков инцидент, изјави директорот на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Свет Наум Охридски“, Љубен Арсенков, пренесува sdk.mk.

Неговата реакција следеше по објавите во некои медиуми дека попладнево пред болницата, меѓу скопјани позната како Градска, се случи инцидент.

Доктор Арсенков истакна дека биле примени две лица со повреди од огнено оружје од кои едното со прострелна рана во пределот на стомакот и веднаш е внесено во операциона сала, а второто со повреди на лицето.

ФОТО | Хаос пред Градска: Ранет во вооружена престрелка, барајќи помош, со голф влета во болницата

Во врска со случајот се огласи и Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде информираат дека двете лица се повредени околу пладне пред деловен објект во скопското село Љубош. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодвтени поднесоци, најавија од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот