ФОТО | Хаос пред Градска: Ранет во вооружена престрелка, барајќи помош, со голф влета во болницата

Пред градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се случи инцидент откако автомобил марка голф 5 влета во болницата.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На ваквиот инцидент, како што информираа од полицијата, му претходела расправија меѓу две семејства во која се случил обид за убиство.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од лице место, според изјави на очевидци, дознаваме дека возачот на автомобилот марка голф 5 кој влетал во болницата, бил всушност еден од ранетите. Од неговото семејство ни посочија дека тој најверојатно изгубил контрола. Првичните информации беа дека лицето му извадило и пиштол на полицаец и дека пукало во него, но очевидци ги демнатираат ваквите наводи.

Екипата на „Слободен печат“ е на самото место пред болницата, каде роднини на повредените беа собрани и испрашувани од страна на полицијата. Полициски службеници зимаа и отпечатоци од возилото кое беше видни изгребано и оштетено.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот