Армин Лашет: Со Русија треба да разговараме повеќе, а не помалку

Credit line: Odd ANDERSEN / AFP / Profimedia

Кандидатот за германски канцелар, Армин Лашет, вели дека Германија мора да бара простор за соработка со Русија, додека истовремено се врши притисок за критичните прашања

Армин Лашет, кандидатот за канцелар на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), во интервју за ДВ вели дека Германија и ЕУ треба да ги остават отворени каналите за комуникација со Русија. Лашет смета дека и покрај разликите со Русија за клучни прашања како анексијата на Крим, Германија не треба да се обидува да ја изолира земјата од дипломатска гледна точка.

„Оние кои повикуваат на поостар пристап, треба да кажат што подразбираат под тоа. Воведовме санкции, но прекин на дипломатските односи или нешто слично ќе биде погрешно“, вели Лашет.

Политичарот, кој е премиер на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, ја поздрави најавата за средба на американскиот претседател Џо Бајден со неговиот руски колега, Владимир Путин.

„Кога ќе стане тешко, мора да разговарате повеќе, а не помалку. Затоа е добро што Бајден се среќава со Путин. Тоа е најважно во време на кризи“, вели Лашет.

Според лидерот на ЦДУ, враќањето на САД на меѓународната сцена под раководство на Бајден е позитивен сигнал.

„САД се враќаат во Светската здравствена организација. Повторно се активни во ОН, и го заживуваат процесот во Г7, како што видовме викендов. Треба да го искористиме моментот“.

„Идејата на Бајден за коалиција на демократии ширум светот кои треба потесно да соработуваат е добра можност за Европа и Германија да имаат посилен ангажман“, смета Лашет.

Преземено од „Дојче веле“

[sc name=”dw” ]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот