Арифи: Да имав одговорност за модуларната болница, немаше сега да седам тука како кандидат

Теута Арифи / Фото: Принтскрин ТВ24

Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат, изјави кандидатката за градоначалник на Тетово Теута Арифи од ДУИ во емисијата 24 анализа. Според неа тетовската трагедија е прашање на институциите кои треба да ги вршат истрагите. 

– Многу важно е целото прашање да е осветли и да се откријат причините. И тогаш беше јасно дека во однос на ингеренциите, рековме дека сите модуларни болници се изградени по законот. Институциите да ги завршат сите истраги како што треба за да не се повтори ова. Се базираме врз основа на официјалните извештаји. Институциите се тие кои овикуваат на одговорност. Одговорено за целата реализација било Министерството за здравство. Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат. – рече Арифи.

Лидерот на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами обвини дека „Арифи знае како ги собира гласовите“.

-Како ги тера од администрацијата да прават списоци со луѓе кои ќе гласаат. Како ги тераат вработените во другите институции да носат други лица. Секој ден ми се јавуваат загрижени граѓани кои ги ставале на списоци. Од ДУИ се во голема паника, смета Касами.

Според него ова не е битка за тоа кој ќе биде на чело на градот, туку битка за Тетово и неговите граѓаните.

-Јас не собирам гласови со сила. Сите кои досега гласале за мене се гласови на граѓани кои се разочарани од се што е направено во општината, рече Касами 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот