Апсења во Турција поради поврзаност со ИД

Исламската држава / Фото: Архива на Слободен печат

Турската полиција уапси денеска 27 лица во Истанбул, осомничени за поврзаност со терористичка организација ИД.

Лицата биле уапсени рано утрово во 15 окрузи низ Истанбул, во акции на антитерористички полициски единици.

Осомничените се подготвувале за извршување терористички напади, а причината биле неодамнешните објави на социјалните мрежи во кои бил навреден пророкот Мухамед. При претресот на домовите на уапсените, пронајдени се голема количина документи и дигитални материјали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот