Апасиев најавува закон за ограничување на профитот на приватните болници

Димитар Апасиев, лидер на Левица

Лидерот на Левица Димитар Апасиев се огласи на својот фејсбук профил и порача дека правниот тим на оваа партија работи на подготовка на специјален закон за легално да се ограничат екстрапрофитите на приватните болници во време на пандемија.

-Министерот за задгробен живот – г. Венко Филипче, деновиве изјави дека „немало правен основ за да ги регулираат цените на приватните болници“!?

Но, членот 55 од Уставот на Република Македонија вели дека слободата на капиталистите да ги утврдуваат цените на добрата и услугите, може да биде ограничена од страна на државата во три ургентни случаи: (1) безбедносни; (2) еколошки; и (3) ЗДРАВСТВЕНИ!

Затоа, обзнануваме дека правниот тим на Левица работи на подготовка на ваков специјален закон и веќе следната недела нашите пратеници ќе го предложат во Собранието на РМ (по скратена постапка), за легално да ги ограничиме екстрапрофитите на приватните болници во време на пандемија.”-дополнува Апасиев во својата објава.

Министерот за задгробен живот – г. Венко Филипче, деновиве изјави дека „немало правен основ за да ги регулираат цените…

Posted by Димитар Апасиев on Thursday, April 8, 2021

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот