Апасиев му се заблагодари на Груби: Поубава реклама за Левица сме немале

Груби и Апасиев / колаж: Слободен печат

Димитар Апасиев ја искоментира денешната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби дека ДУИ и власта разговараат со сите пратеници од Собранието за формирање на ново парламентарно мнозинство, освен со оние од „Левица“, велејќи дека тоа е „најдобра реклама“ за неговата партија.

„Поубава политичка РЕКЛАМА за Левица одамна сме немале во етерот. Фала Нежни!“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска изјави дека „сите пратеници кои биле доведени во заблуда од своите партиски лидери“ ќе се приклучат во новото парламентарно мнозинство во наредниот период.

– Не се само контактите со Алтернатива, разговараме со Беса, Алијанса, ВМРО-ДПМНЕ, само со Левица немаме и нема да имаме, рече Груби денеска пред медиумите, запрашан за тоа дали само со „Алтернатива“ се водат преговори за обезбедување на мнозинство од барем 61 пратеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот