Антикорупциската комисија ги учи основците да бидат „херои на чесноста“

Фото: МИА

Државната комисијата за спречување на корупцијата спроведува кампања во основните училишта за борба против корупцијата. Така, во повеќе основни училишта се одржуваат предавања во рамките на промотивната кампања за борба против корупцијата под мотото „Бидете херои на чесноста“. Вакви предавања утре ќе бидат одржани во основните училишта „Браќа Рамиз – Хамид“ и „Војдан Чернодрински“ во Скопје.

 „Преку кампањата ученците и ученичките се едуцираат за поимите интегритет и корупција, сé со цел да ја подигнеме свеста кај нив за штетните ефекти од корупцијата, како и да создадеме антикорупциско движење во земјава кое би придонело за општество со нулта толеранција за корупција“ – велат од Антикорупциската комисија.

 

Оваа кампања на Државната комисија за спречување на корупција е дел од Активноста за анти-корупција и интегритет која ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, а ја финансира УСАИД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот