Анонимен донатор им ги платил долговите на купувачите во една локална продавница

Фото: МИА

Донатор кој сакал да остане анонимен ги подмирил долговите во вкупен износ од 500 евра кои во една локална продавница ги направиле мештаните од населбата Свети Иван во Бар, објави локалниот портал Једро.

Во пораката која ја оставил во продавницата, донаторот побарал да му го достават износот на долговите, без притоа да се наведуваат имињата на должниците, со цел да ги плати.

„Бидејќи Рамазан е најизбраниот месец во годината во Исламот и добрите дела се наградуваат повеќекратно, анонимен донатор (познат на продавницата) ​​од нашата област, кој живее и работи во странство, г плати и ги подмири долговите во износ од 500 евра “, наведува порталот Једро.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот