АНКЕТА:Граѓаните очекуваат економски проекти од партиите, не сакаат да слушаат за национализам

Од вчера и официјално започна предизборната кампања преку која политичките партии ќе имаат прилика да ја промовираат својата програма пред граѓаните за претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули.

Овие парламентарни избори ќе останат запаметени по тоа што гласачкиот процес ќе се одвива сосема поинаку, со посебно пропишани мерки за заштита од Ковид-19, а токму поради пандемијата со коронавирусот за време на предизборната кампања нема да одржуваат големи митинзи.

Претставниците на партиите, како што најавија, ќе ја презентираат својата политичка понуда преку директни средби со граѓаните, меѓутоа со носење на заштитни маски и максимално почитување на сите мерки за претпазливост од вирусот.

Граѓаните пак, кои ги анкетиравме, се надеваат на промени, односно добар дел од нив изразија надеж дека „конечно ќе видат и слушнат нешто ново“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот