АНКЕТА ЗА ВТОРИОТ КРУГ НА ХРВАТСКИТЕ ИЗБОРИ: Милановиќ ја зголеми предноста во однос на Колинда

Фото: ЕПА

Хрватска на 5 јануари бира претседател или претседателка. Зоран Милановиќ е победник на првиот круг, а според истражувањето кое го објавил Дневник Нова ТВ, тој води и во вториот круг и тоа прилично уверливо, во однос на резултатите од првиот круг.

Милановиќ ја зголеми предноста

Зоран Милановиќ, ако денеска се одржуваат претседателските избори во Хрватска, би освоил 48,4 отсто од гласовите, а Колинда Грабар-Китаровиќ 41,1 отсто. Неодлучни се 10,4 отсто.

Зоран Милановиќ би можел да смета, ако ги убеди да излезат да гласаат, на 100 отсто од гласовите од поддржувачите на Дарио Јуричан и Дејан Коваќ, потоа 86 отсто од гласовите на избирачите на Далија Орешковиќ и 80 отсто од гласовите на Катарина Пеовиќ, но и 69 отсто од гласовите за Мислав Колакушиќ и 63 отсто од гласовите за Ивана Пернар.

Милановиќ може да смета на речиси третина од гласовите на Шкоро

Колинда Грабар-Китаровиќ може да смета на 64 отсто од гласовите за Мирослав Шкоро, а Зоран Милановиќ на 28 отсто.

Дека во вториот круг е нова игра покажува и ова истражување. Зоран Милановиќ добива 51 отсто од гласовите на младите до 29 години, но и 60 отсто од избирачите од 30 до 44 години. Во предност е во Загреб со 54 отсто, Северна Хрватска со 53 отсто, па во приморјето и Истра со 60 отсто. Колинда Грабар-Китаровиќ може да смета на повеќето гласачи од 45 до 59 години, односно 52 отсто од нив.

Луѓето со завршено основно училиште повеќе ја избираат Колинда

Мнозинството со завршено основно училиште, односно 46 отсто, гласот го даваат за Колинда Грабар-Китаровиќ, а поголема поддршка има помеѓу избирачите од село – 52 отсто. Колинда Грабар-Китаровиќ победува во Славонија со 52 отсто, Бановина и Кордун со 63 отсто, па Далмација со 44 отсто.

Повеќето граѓани одлучиле за кого ќе го дадат гласот пред изборите – 53 отсто, но 21 отсто одлучиле за кого ќе гласаат дури по објавата на сите кандидатури. Во завршницата на претседателските кампањи за кого ќе го дадат гласот одлучиле 16 отсто од граѓаните, а на самиот ден од изборите 9 отсто од нив.

Истражувањето го спровела агенцијата ИПСОС на 1027 граѓани на Република Хрватска со метод на телефонско анкетирање. Истражувањето е спроведено на 23 декември 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот