Анкета на арапските држави покажува дека Ердоган е најпочитуван лидер – Слободен печат
ВестиРегион

Анкета на арапските држави покажува дека Ердоган е најпочитуван лидер

Анкетата цитирана од весникот Акшам е направена врз 25 илјади млади лица од 11 држави

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е најпочитуваниот лидер во арапскиот свет, покажува анкета на арапската редакција на Би-Би-Си.

Анкетата цитирана од весникот Акшам е направена врз 25 илјади млади лица од 11 држави – Тунис, Алжир, Судан, Палестина, Мароко, Египет, Јордан, Либан, Ирак, Јемен и Либија.

Ердоган е убедливо на првото место со подршка од 51 отсто. Владимир Путин е со поддршка од 28 отсто, а претседателот на САД, Доналд Трамп – 12 отсто од младите во арпаскиот свет. Во Судан и во Јордан поддршката за Ердоган е над 75 отсто, додека Путин „води“ во Либија, Либан и во Египет.

Во истата анкета државите од тој регион укажуваат дека најголема закана за нив е Израел. Според Јемен и Ирак тоа е Иран, додека во Ирак на второ место е САД.

Од анкетираните 13 отсто млади изјавиле дека не се религиозни во споредба со 8 отсто во анкета од 2013 година. Најмногу оддалечување од религијата пред се е забележливо кај лица под 30 години – 18 отсто. Во Тунис тој процент е 30 отсто, а во Либија – над 20 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close