Анкета: 68 отсто од Французите го поддржуваат движењето против реформата на пензискиот систем

фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

По 4 дена на мобилизација и штрајкови во јавниот превоз, Французите не го промениле фундаментално своето мислење за протестното движење,  68 отсто од анкетираните велат дека го поддржуваат претстојното движење, што е за еден поен помалку од пред првиот ден на штрајкови и демонстрации, јавува дописникот на МИА.

Според испитувањето на Харис интерактив за РТЛ и АЕФ,  поддршката останува многу јасна кај левицата (повеќе од 80 отсто од гласачите за Жан-Лук Меленшон или Беноа Хамон го подржуваат движењето), како и кај тие и екстремната десница (82% од гласачите на Марин Ле Пен). Дури и гласачите при првиот круг на претседателските избори за Емануел Макрон не се малку: дури 41% се изјаснуваат за поддршка на мобилизацијата (на ниво суштински идентично со она измерено пред 5 дена).

Иако има помалку отколку во средината на минатата недела, повеќе од две третини од секојдневните корисници на јавниот превоз изјавиле дека го поддржуваат (68%, -11).

Французите притоа не му даваат мнозинска доверба на ниту еден актер за да даде подобри предлози во рамките на пензиската реформа. Синдикатите се сепак оние кон кои првенствено гледаат Французите: (42% доверба (-2) наспроти 32% за Претседателот (+7), 30% за владата (+5)) и 29% за претставниците на работодавачите (+3) .

Неколку дена пред говорот на Едуар Филип, 13% од Французите (+2) сакаат владата да го задржи реформскиот план како што стои, 36% да го смени малку (+3), 29% силно да го мени (-4) и 22% да се откаже (-1). Притоа се забележува дека повеќе од половината на  гласачите за претседателот Емануел Макрон се залага за прилагодување на маргините на реформата.

Заклучокот од ова испитување на јавното мислење е дека одреден број Французи  усвојуваат иста позиција како пред првите денови на мобилизацијата против пензиските реформи и  се чини, не го променија нивното мислење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот