Ангеловска: НАТО е извор и на финансиска и на економска сигурност – Слободен печат
ВестиЕкономија

Ангеловска: НАТО е извор и на финансиска и на економска сигурност

Ангеловска нагаласи дека членството во НАТО е стратешка определба на нашата држава кое е од голема важност за нејзината стабилност, безбедност и за економскиот развој. Ангеловска со конкретни податоци за придобивките од членството во НАТО-алијансата.

Северна Македонија ќе има голем бенефит од членството во НАТО. Пред сѐ, политичка стабилност, сигурност и економски придобивки, нагласи министерката за финансии Нина Ангеловска на вечерашната трибина во Прилеп насловена: „Улогата на бизнис-заедницата во градењето цврсти партнерства со НАТО сојузниците”. На трибината, односно панел-дискусијата што ја организира невладината „Мост” учествуваа младите и претставниците од бизнис заедницта. Панел дискусијата е во организација на Инфо-центарот за евроатлантски интеграции  кој организира Караван низ неколку градови во државата. 

Ангеловска нагаласи дека членството во НАТО е стратешка определба на нашата држава кое е од голема важност за нејзината стабилност, безбедност и за економскиот развој. Ангеловска со конкретни податоци за придобивките од членството во НАТО-алијансата.

 -Останува уште Шпанија да го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО. Ова е добро за нас, како земја, за граѓаните, за младите, за бизнис-секторот. Членството во НАТО носи придобивки за сите нас. Стабилноста, економскиот раст и инвестциите на кои значително влкијае членството во НАТО се од исклучително значење за сите нас. Освен на политичка, НАТО е извор и на финансиска и на економска сигурност. Анализите покажуваат дека економскиот раст на земјите се забрзува за два процентни поени во просек, ако се споредува периодот пет години пред и пет години по влезот во НАТО. На што се бариза економскиот раст? Прво, за нашите компании се отвoра пазар со обрт од 5 милијарди евра во сервисни продукти како што се: набавка, поддршка, транспорт, одржување, кодификација, услови за сајбер безбедност и друго. Втора придобивка е политичката сигурност која ги стимулира инвестициите странските и домашните, што влијае на бројот на работните места и намалување на невработеноста, зголемувањето на обемот на трговијата што резултира со економски раст и повисок стандард за сите нас. За отворањето на пазарите, ова е голема шанса за сите македонски компании. Сега се отвора можноста за учество во јавните набавки на НАТО. Посебно имаат можност ИТ компаниите за да добијат работа. како Влада, редовно ќе ја информираме бизнис-заедницата што се очекува од нив и како да конкурираат на тендерите. Со влезот во НАТО, обврзани сме да го зголемиме буџетот за одбрана и да стигнат до два проценти од бруто домашниот производ. Крајната цел е да се зголеми до 2024 година, секоја година за 0,2 проценти. Со ова ќе има значајни расположливи средства за Армијата, а домашните компании ќе може да учествуваат во набавките- рече таа.

Ангеловска со споредбени податоци за земјите од опкружувањето кои станаа членки на НАТО и предизвикаа економски раст и згоелмување на директните странски инвестиции.

 -Земјите кои во 2004 година станаа членки во НАТО ја намалија невработеноста за 5 насто, извоzот се зголемил од 6,8 на 11,8 отсто, а БДП по глава на жител се зголемил од 7 на 10,2 отсто. На пример во Црна Гора која стана членка на НАТО пред две години, странските инцвестиции се зголемиле за 147 проценти, за 25 насто се зголемил бројот на странските туристи. во Албаниоја странските инвестиции по влезот во НАТО во 2009 година се зголемија од 5,5 на 9,1 насто. Примерот со Бугарија која влезе во НАТО во 2004 година покажува дека странските инвестици пораснале од 7 на 19,8 проценти. Сите овие примери ни дават за право да очекуваме поголема доверба кај инвеститорите, пораст на економијата, отворање нови работни места и намалување на невработеноста- рече Ангеловска.

Според Доминик Отвеј, заменик-амбасадор во амбасадата на Велика Британија, големи се придобивките од члченството на НАТО.

– Велика Британија и другите членки на НАТО се возбудени што Македонија ќе се придружи во наредната, 2020 година. Тоа го очекувавме на Самитот во Лондон, но поради приликите во Шпанија, ќе почекаме. Обединетото Кралство откако пристапи во НАТО има голем полза, а првата е што 70 години ние сме безбедни. Тоа е дел од таа силина и стабилност да се биде член на таков меѓународен сојуз- рече Отвеј.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски нагалси дека члењнството во НАТО е придобивка и за прилепската економија и за инвестициите.

– Кога една земја се приклучува кон Северно-атлантската алијанса, таа добива свои сојузници, ги осигурува и ги зајакнува својата безбедност и територијален интегритет и се отвораат можности за соработка со сите нејзини членки. безбедносниот чадор на НАТО за Македонија и за сите граѓани е од огромна придобивка, бидејќи стануваме атрактивна бизнис-дестинација за сите странски инвеститори кои, овде, со НАТО, ќе имаат безбедносни граници, за нивните вложувања и за нивните бизниси- рече тој.

Ова е четврта панел-дискусија во градовите низ земјава организирана од невладината „Мост”. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close