Ангеловска: Досега на сметките на граѓаните и фирмите легнаа 140 милиони евра

Во тек на реализација се и други мерки за поддршка за компаниите како што е јавниот повик кој е отворен до 31 јули за финансиска поддршка за инвестиции за зголемување на конкурентноста на компаниите за време на и во пост-ковид периодот за што се буџетирани 20 милиони евра, пишува на својот фејсбук профил министерката за финансии.

Вкупната вредност на трите пакети aнтикризни мерки кои ги преземаме за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на последиците од Ковид-19 кризата се проценува на 500 милиони евра, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот ФБ профил.

Таа наведува дека досега, до граѓаните и фирмите исплатени се околу 140 милиони евра државна помош oд кои 40 милиони евра кон граѓаните и 100 милиони евра кон фирмите.

Според пресметките на Ангеловска финансиските средства за граѓаните се доделени преку мерките домашна платежна картичка, 28.3 милиони евра, ваучери за домашен туризам за над 117.000 граѓани, 12 милиони евра, за самостојните уметници – 65.000 евра, за спортистите  400.000 евра и за паричен надоместок за невработеност, 50отсто од последната просечна нето-плата 810.000 евра.

За компаниите, додава Ангеловска, преку меррката  14.500 денари финансиска поддршка за над 130.000 вработени во над 19.500 фирми – 83,3 милиони евра, бескаматни кредити преку Развојната Банка – поддршка за 1.331 претпријатие и над 16.600 вработени досега 12,7 милиони евра, субенционирање на 50 отсто од придонесите до просечна плата за погодените компании, за над 2500 компании – 1,4 милиони евра и ослободување од аконтации за данок на добивка и данок на личен доход за над 1500 даночни обврници околу 2 милиони евра

Наведува дека во тек на реализација се и други мерки за поддршка за компаниите како што е јавниот повик кој е отворен до 31 јули за финансиска поддршка за инвестиции за зголемување на конкурентноста на компаниите за време на и во пост-ковид периодот за што се буџетирани 20 милиони евра, како и јавниот повик за субвенции за ко-финансирање на настани.

– Со овие средства директно се помагаат граѓаните, се заштитуваат работните места и се помага ликвидноста на стопанството, а со тоа се поттикнува и поддржува економската активност. Досегашните мерки придонесуваат за побрзо и полесно надминување на кризата, а ќе помогнат и во фазата на заживување на економијата, истакнува Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот