Ангелов во посета на дел од воздушните капацитети за справување со кризи

Стојанче Ангелов
Стојанче Ангелов / Фото: Архива на „Слободен печат“

Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Ценатарот за управување со кризи (ЦУК) денеска беше во работна посета на Центарот за обука на пилоти, сместен на воениот дел на скопскиот аеродром, соопштија од ЦУК, од каде додадоа дека непосредното запознавање со Центарот за обука е во рамки на настојувањата и активностите на ЦУК да се искористат капацитетите од воздухопловството што се имаат во државата за стратешко интегрирање во Системот за управување со кризи (СУК).

– За зајакнување на превенцијата против пожари и други катастрофи, а и за справување со истите, Центарот за управување со кризи (ЦУК), како и во поглед на спасување загрозени лица, презема низа активности за запознавање на постоечките воздухопловни капацитети во државата. Тоа, во случај на криза, се користи во рамките за воздушно извидување, справување со пожари, пребарување и спасување на загрозени лица, транспорт на повреден лица, како и транспорт и на сили за справување со кризи на тешко пристапни места во Системот за управување со кризи (СУК), информираат од ЦУК 

Конкретно, тоа интегрирање во СУК е и во правец на согледување можности и на обука на пилоти што потоа би се искористило и во поддршка на потреби при детектирање и управувањето со кризни ситуции. Тоа е секако и во правец за согледување на можностите да се координираат и да се селектираат капацитетите и во поглед за воздухопловните дејства потребни во кризни ситуации, согласно и според расположивите ресурси и во луѓе, во техника и во нивна оперативна подготвенот, достапност и разместеност, велат од ЦУК.  

Инаку, Центарот за обука на пилоти е Сквадрон за обука и тренажа во Воздухопловниот ВИНГ (Воздухопловна извидувачко-напаѓачка група) во структурата на Армијата на Република Северна Македонија како составен дел и од Министерството за одбрана. Центарот беше отворен во 2011 година по договор на Министерството за одбрана и израелската компанија „Елбит”, која до неодамна управуваше со Центарот. По истекот на осумте години, според договорот, Центарот помина во владение на Министерството за одбрана, заедно со целокупната опрема и техника – неколкуте хеликоптери, но и софистицирани симулатори на хеликоптери Ми-8/17 и Ми-24, летала со какви што располага АРМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот