Ангелов: Во некои случаи пожари се предизвикани од искрење на жици на бандери, бараме ЕВН да ги проверат

Стојанче Ангелов /Фото: Screenshot/МИА

 Во неколку случаи е утврдено дека пожари се настанати поради искрење помеѓу жици на бандери или далекуводи, пради што во тек е изработка на барање до ЕВН за да ги проверат нивните системи за дистрѕбуција на електрична енергија, информира денеска на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Тој напомена дека овие искрите паѓаат на земја, а доволно е само една од нив за да предизвика пожар, посочувајќи дека вчера во кумановскиот регион имало и сведоци кои виделе искрење на жиците.

– Во текот на вчерашниот ден јас бев на местото на неколку пожари. Во кумановскиот регион имаме сведоци кои што виделе искрење на жици. Пожарот во Бугословец е предизвикан од искрење на жици и имаме очевидец кој кога паднале искрите, веднаш се стрчал кон местото, но едноставно бил немоќен, затоа што пожарот се шири со многу голема брзина поради сувата вегетација и ветришта кои постојано дуват, додаде директорот на ЦУК.

Ангелов истакна дека во овој момент го изработуваат ова барање до ЕВН, за да се обидат секогаш кога ќе добијат ваква пријава, да преземат она што е потребно.

Во однос на прашањето како се одвива евакуација на жителите, тој посочи дека евакуацијата е оставена последна, бидејќи во овој момент нема загрозени куќи.

– Во овој момент ние немаме загрозени куќи. Вчера јас бев сведок во селото Бугословец на изгорени куќи, но тоа се стари куќи, некои се целосно напуштени, а некои луѓето ги користат како викендици. Таму воопшто и нема нови куќи, рече Ангелов.

Тој напомена дека апелите не се во наоска на ширење на паника, туку на прво место да се заштитат човечки животи, затоа што, како што рече, „нови куќи ќе се направат, но човеков живот не може да се врати”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот